Крводарителска акција со благослов на Епископот Марко

Со благослов и личен пример, Неговото Преосвештенство, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, заедно со дел од свештенството и верниот народ, учествуваше во крводарителска акција, уште еднаш потврдувајќи ја својата посветеност кон хуманоста и заедницата.

Преку доброволното дарување крв, учесниците испратија силна порака за пожртвуваност, солидарност и љубов кон ближниот. Во време кога секоја дарувана единица крв може да значи спасен човечки живот, ваквите акции имаат особено значење и претставуваат вистински пример за општествена одговорност.

Од Делчевско-каменичката епархија истакнуваат дека Црквата останува активен чинител во градењето култура на хуманост, сочувство и меѓусебна грижа, потсетувајќи дека дарувањето крв е еден од највисоките изрази на човечноста.

На крводарителската акција беа собрани вкупно 79 крвни единици.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*