Второ место за ракометарките од Делчево на гимназијадата во Струмица

Женската ракометна екипа на СОУ „М.М. Брицо“ постигна значаен успех освојувајќи го второто место на гимназијадата одржана во Струмица.

Со ова достигнување, ученичките покажаа висок степен на борбеност, тимска игра и спортски дух, достојно претставувајќи го своето училиште во конкуренција на најдобрите училишни екипи во државата.

Од училиштето изразија гордост за постигнатиот резултат, истакнувајќи дека успехот е резултат на континуиран труд, пожртвуваност и посветеност на целиот тим.

Честитки беа упатени до ракометарките, како и до нивниот ментор, професорот Ванчо Велковски, за стручната поддршка и ангажман во текот на натпреварувањето.

Овој успех претставува дополнителен мотив за понатамошни спортски достигнувања и афирмација на младите таленти во училишниот спорт.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*