На 22.05.2026, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Берово реализираа превентивна активност на тема „Безбедно управувај тротинет и мотор“. Основна цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура, почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Притоа, на граѓаните им беше поделен едукативен материјал со корисни совети за подигање на сообраќајната култура.
Во Пехчево, полициските службеници од Полициското одделение Пехчево реализираа превентивна активност за заштита на домот од кражби под мотото „Обезбеди го твојот дом“.
На граѓаните, особено на повозрасните, им беа дадени практични совети во врска со начините и постапките кои треба да се преземат во насока на поголема заштита од сторители на кражби од дом, а им беа поделени и летоци со едукативна содржина.

Leave a Reply