Меѓународен уметнички фестивал ,,Малеш Арт”, тет-а-тет средба на Ружински и Дрековиќ

Берово, 27 мај 2026 – Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, денеска оствари средба со уметникот Ќазим Дрекович, на која се разговараше за унапредување на културата, уметноста и туризмот во Малешевскиот регион.

Во фокусот на разговорите беше иницијативата за организирање на меѓународен уметнички фестивал „Малеш Арт“, кој би се одржувал во Берово. Според идејата, фестивалот има за цел да ги обедини уметноста, културата, природата и туризмот, создавајќи платформа за креативна размена, културна афирмација и меѓународна соработка.

Соговорниците ги разгледаа потенцијалите што ги нуди Берово како инспиративна дестинација за домашни и странски уметници, при што беше истакнато дека вакви настани можат значително да придонесат за зголемување на туристичката препознатливост на регионот.

Градоначалникот Ружински ја поздрави иницијативата, нагласувајќи дека локалната самоуправа е подготвена да поддржи проекти кои го збогатуваат културниот живот и придонесуваат за афирмација на локалните вредности.

Идејата за фестивалот „Малеш Арт“ се очекува во наредниот период да биде дополнително разработена, со можност за нејзина реализација во соработка со домашни и меѓународни културни чинители.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*