ДЕЛЧЕВО – Книгата како награда за успехот: ЈЛБ „Илинден“ ги награди најдобрите матуранти

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево и оваа година ја продолжи својата традиција на поддршка и поттикнување на младите успешни ученици, подарувајќи книги на десетте најдобри матуранти од СОУ „Методи Митевски-Брицо“.

Од библиотеката истакнаа дека книгата е најубавиот подарок за оние кои со знаење, труд и посветеност ги остваруваат своите цели, а овој гест претставува признание за постигнатиот успех, истрајноста и љубовта кон знаењето што ја покажале матурантите во текот на своето образование.

– Им честитаме на учениците за постигнатите резултати и им посакуваме многу успех на патот што е пред нив. Нека книгите и понатаму бидат нивни верни сопатници во учењето, личниот развој и исполнувањето на нивните соништа, порачаа од библиотеката.

Оттаму изразија гордост за успесите на младите генерации од Делчево и упатија честитки до сите матуранти, посакувајќи им храбро и самоуверено да чекорат низ животот и новите предизвици што ги очекуваат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*