Во просториите на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево ќе се одржи промоција на книгата „Преживував додека се градев – Приказна за болката што ме изгради“ од авторката Елеонора Иванова.
Станува збор за дело кое преку искрена и емотивна приказна ги обработува темите на болката, осаменоста, неразбирањето, падовите, солзите, борбата, вербата и љубовта, испраќајќи порака дека и најтешките животни искушенија можат да бидат темел за личен раст и сила.
Промоцијата ќе се одржи:
📅 18 јули (сабота)
🕖 19:00 часот
📍 Читална на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево
Организаторите ги покануваат сите љубители на книгата и пишаниот збор да присуствуваат на овој литературен настан и да се запознаат со авторката и нејзиното најново дело.

Leave a Reply