Младата тениска надеж од Делчево и Прилеп која со родителите живее во Шведска. Софија Петровска, имаше извонреден настап на тенискиот турнир во Охрид, каде што ја потврди својата одлична форма со импресивен биланс од 9 одиграни натпревари и 9 победи.
Со сигурна и квалитетна игра, Софија успеа да ги освои шампионските трофеи во двете возрасни категории во кои настапи – до 12 години и до 14 години, уште еднаш покажувајќи дека е една од најперспективните млади тенисерки во Македонија.
Во текот на целиот турнир Петровска доминираше на теренот, прикажувајќи технички квалитет, борбеност и зрелост во играта, што ѝ донесе максимален ефект и заслужени титули.
Овој успех претставува уште едно значајно достигнување во нејзината млада кариера и потврда дека со посветена работа, дисциплина и континуирани настапи продолжува да бележи одлични резултати на домашната тениска сцена.
Делчево365 ѝ упатува искрени честитки на Софија Петровска за фантастичниот настап во Охрид и ѝ посакува уште многу победи, титули и успеси во периодот што следува. Браво, шампионке! 🎾🏆





Leave a Reply