Голем успех и голема причина за гордост за Делчево и за Македонија!
Шеснаесетгодишниот Владимир Грчев, со делчевски корени, кој до своето прво одделение живееше во Делчево, го постигна својот најголем успех досега – освои БРОНЗЕН МЕДАЛ на Светската олимпијада по информатика – IOI 2026 во Узбекистан.

На само 16 години, Владимир го направи она за што сонува секој млад натпреварувач во информатиката – стигна до IOI, апсолутниот врв на светската натпреварувачка информатика, каде што своето знаење го мерат најдобрите млади информатичари од целиот свет.
Но Владимир не само што стигна таму.
На своето прво учество на IOI – освои светски медал!
Да се избориш за место на IOI е сон.
Да освоиш медал на IOI е светски успех.
На најголемата светска сцена, Владимир со своето знаење, талент, борбеност и огромна посветеност покажа дека припаѓа меѓу најдобрите во светот.

Неговата приказна има посебна врска со Делчево – тука ги помина најраните години од своето детство, а неговите делчевски корени остануваат дел од неговата приказна. Неговите успеси веќе беа препознаени и од Делчево, а денес градот има уште една голема причина да се гордее со него.
Зад Владимир веќе стојат бројни државни титули и меѓународни медали во информатиката и математиката. Но ова е најголемата сцена.
Ова е IOI. Ова е светскиот врв.
На само 16 години. На своето прво учество.СВЕТСКА БРОНЗА ЗА ВЛАДИМИР ГРЧЕВ!
Гордост за Делчево и за Македонија!

Leave a Reply