Целосно е завршена изградбата на новата улица во село Ѕвегор, проект со кој се подобрува инфраструктурата и условите за живеење на жителите во овој дел од селото.
Улицата е со должина од околу 90 метри, а инвестицијата изнесува 671 илјада денари. Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Владата, додека изведувач на градежните работи е СД „Транс“ од Ѕвегор.
Со изградбата на улицата, како што посочуваат од локалната самоуправа, се одговара на долгогодишните барања на жителите, кои добиваат подобри и побезбедни услови за движење и пристап до своите домови.
Од Општина Делчево нагласуваат дека реализацијата на ваквите проекти е дел од определбата за рамномерен развој на сите населени места, при што подеднакво внимание се посветува на урбаните и руралните средини.
Новата улица во Ѕвегор е уште еден инфраструктурен проект насочен кон подобрување на секојдневието на граѓаните и создавање поквалитетни услови за живот во руралните населени места.

Leave a Reply