Општина Пехчево отвора нови можности со ТИКА

Општина Пехчево отвора можност за воспоставување конкретна соработка со Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), со цел реализација на проекти од значење за локалната заедница.

Градоначалникот на Пехчево Александар Китански како што стои во објавата на фејсбук остварил работна средба со програмскиот координатор на ТИКА во Скопје, Шејма Бабајигит, на која биле разгледани можностите за идно партнерство и поддршка на проекти во општината.

Како што е посочено, целта е соработката да прерасне во конкретни проекти кои ќе имаат директна корист за граѓаните и ќе придонесат кон понатамошниот развој на Пехчево.

Од Општината оценуваат дека средбата претставува почеток на ново партнерство и отворање нови можности за развој и меѓународна соработка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*