На 22 септември граѓаните се повикуваат да ги остават автомобилите и да изберат велосипед, пешачење или електричен тротинет
Општина Пехчево се вклучува во одбележувањето на Европската недела на спортот, која се одржува од 22 до 30 септември, со активности насочени кон промоција на физичката активност, здравите навики и активниот начин на живот.
Во рамки на неделата на спортот, на 22 септември во Пехчево ќе се одбележи „Денот без автомобили“, со порака „За почисто Пехчево, за поздрави генерации“.
Општина Пехчево, во соработка со ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, на 22 септември организира возење со велосипеди на булеварот „Равен“, како и возење со велосипеди – полигон на Плоштад Свети „Петар и Павле“ во Пехчево.
Активностите имаат за цел да поттикнат поголемо користење на алтернативни начини на движење, особено меѓу младите, но и кај останатите граѓани.
Од Општина Пехчево упатуваат повик до граѓаните да бидат дел од иницијативата и, доколку можат, барем тој ден да ги остават автомобилите дома и да изберат пешачење, велосипед или електричен тротинет.
Настанот е во знакот на #BeActive, со пораки за чист воздух, поздрав живот, активна заедница и одржлива општина.
Ден без автомобили – 22 септември 2026 година
🚲 Возење велосипеди – булевар „Равен“
🚴 Велосипедски полигон – Плоштад „Свети Петар и Павле“
🏃 Пешачење и активно движење
Иницијативата се реализира со поддршка на Министерството за спорт, во рамки на Европската недела на спортот.

Leave a Reply