Сценарио со потпис и на Делчевецот Андреј Волкашин – телевизиски проект за Тоше Проески претставен на медиумскиот фестивал „Weekend.19“ во Ровињ

На престижниот медиумски фестивал „Weekend.19“ во Ровињ, Хрватска, официјално беше претставен амбициозниот проект посветен на животот и делото на една од најголемите музички ѕвезди на нашите простори, Тоше Проески. Проектот опфаќа игран филм, играна серија и документарна серија.

Меѓу клучните автори на овој голем регионален проект е и познатиот сценарист и режисер Андреј Волкашин, кој потекнува од Делчево. Заедно со Милана Влаовиќ, тој ги потпишува сценаријата кои имаат за цел да го прикажат Тоше не само како музичка икона, туку и како личност со сите свои емоции, соништа и животни предизвици.

„Пред нас е огромен материјал: факти, сведоштва, сеќавања и моменти кои луѓето веќе ги знаат. Но, филмот не може да го содржи целиот еден живот. Најголемиот сценаристички предизвик е да препознаеме што навистина ѝ припаѓа на приказната и каде завршува биографијата, а каде започнува филмот“, истакна Волкашин за време на панелот.

Проектот го предводи авторот Игор Стоименов, а го продуцира Пеце Талески. Целта е да се открие човекот зад гласот и концертите, доловувајќи ја душата на легендарниот пејач кој сè уште живее во сеќавањата на милиони обожаватели.

Фото: dalmatinskiportal .hr

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*