Делегација од Општина Берово, заедно со претставници на ТППЕ Берово, денеска е во официјална посета на Општина Кумровец, Република Хрватска, каде присуствуват на свеченото одбележување на 75-годишнината од основањето на Доброволното противпожарно друштво (ДВД) Кумровец.
Посетата е можност за размена на искуства и натамошно унапредување на соработката во областа на противпожарната заштита, како и за зајакнување на партнерските односи меѓу Општина Берово и Општина Кумровец.
Особено значајна е соработката меѓу пожарникарските служби, преку размена на знаења, искуства и добри практики.
Општина Берово и ТППЕ Берово – партнери во градењето посигурни и побезбедни заедници. ![]()
, се вели во објавата на ОПШТИНА БЕРОВО.

Leave a Reply