ЕСЕНСКАТА МАГИЈА НАЈДЕ СВОЕ МЕСТО ВО ДЕЛЧЕВСКАТА БИБЛИОТЕКА

Делчево, 2 ноември 2026 (Делчево365) – Детската фантазија, креативноста и љубовта кон природата беа во преден план на креативната работилница „Есен, златна есен“, која се одржа во Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево.

Во работилницата учествуваа ученици од прво одделение, кои инспирирани од есенските бои и природните материјали изработуваа креативни есенски композиции. Користејќи жолти лисја, ореви, шишарки и други природни материјали, најмладите учесници создадоа уникатни уметнички дела во кои ја претставија убавината на есента низ детската имагинација.

Изработените творби се поставени во читалната на библиотеката, каде што внесуваат есенска атмосфера, топлина и ведрина во просторот.

Од библиотеката упатија благодарност до сите учесници, како и до наставничките Цветанка, Соња и Елена, кои придонесоа за реализацијата на работилницата.

Преку ваквите активности, ЈЛБ „Илинден“ ја потврдува својата улога не само како место за читање и запознавање со книгите, туку и како простор за креативно изразување, учење и развивање на детската љубопитност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*