На 22 ноември најдобрите млади шахисти од Македонија ќе се соберат во мотел „Мерак“, каде ќе се одржи првото државно првенство во рапид шах во младинска конкуренција.
Македонска Каменица на 22 ноември 2026 година ќе биде домаќин на значаен шаховски настан – првото Државно првенство на Македонија во забрзан шах (рапид) за деца и млади.
На првенството се очекува учество на најдобрите млади шахисти од земјава, кои ќе ги одмерат своите сили во машка и женска конкуренција, во натпреварување кое ќе ги стави на испит нивната стратегија, концентрација и брзина во донесувањето одлуки.
Довербата за организација на овој државен настан ја добива Македонска Каменица од Шаховската федерација на Македонија, за што организаторите упатуваат благодарност, како и до Општина Македонска Каменица и Рудникот „Саса“ за поддршката на првенството.
Натпреварите ќе се одржат во мотел „Мерак“, со почеток во 9:30 часот. Котизацијата за учество изнесува 500 денари по натпреварувач.
Со организацијата на државното првенство, Македонска Каменица ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија, овозможувајќи им на младите шахисти можност за меѓусебно натпреварување и афирмација на шаховскиот спорт.

Leave a Reply