ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ВО БЕРОВО: ТРИ НОВИ СТАНБЕНИ ЗГРАДИ СО ОКОЛУ 122 СТАНА И 1.300 М² ДЕЛОВЕН ПРОСТОР

Познатата македонска модна дизајнерка и претприемачка Елена Лука најавува нов станбено-деловен комплекс на улицата „Жан Кофол“ во Берово.

Берово би можело наскоро да добие значајна приватна инвестиција, која предвидува изградба на три станбени згради со вкупно околу 122 станови и 1.300 квадратни метри деловен простор.

Станува збор за проект што го најавува познатата македонска модна дизајнерка, претприемачка и бизнис лидер Елена Лука, а локацијата на планираниот станбено-деловен комплекс е на улицата „Жан Кофол“ во Берово.

Доколку се реализира според најавените планови, инвестицијата би претставувала значаен чекор во урбаниот развој на Берово, со отворање нови можности за домување и проширување на деловната понуда во градот.

Официјалното претставување на проектот се очекува во наредните денови, кога би требало да бидат познати и повеќе детали за неговата реализација.

Во продолжение погледнете го краткото видео во кое Елена Лука го најавува проектот во Берово.

Берово како дестинација за нови инвестиции!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*