Малите уметници преку цртежи и бои ја претставија убавината на есента

Делчево – Во Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево повторно се одржа креативна есенска работилница, овојпат со учениците од второ одделение од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево.

Со многу фантазија, љубов и креативност, најмладите учесници цртаа и боеја слики со есенски мотиви, преточувајќи ги боите и убавината на есента во мали уметнички дела.

Преку ваквите активности, библиотеката им овозможува на децата простор за дружење, творење и изразување на нивната креативност, истовремено поттикнувајќи ја љубопитноста, развојот на талентот и љубовта кон уметноста.

Од библиотеката упатија благодарност до наставниците Ана, Горан и Даниела за соработката и учеството во реализацијата на работилницата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*