Електронскиот отпад, кој со години се чувал во просториите на училиштето, денеска е преземен од овластена компанија за постапување со електронски отпад.
Делчево, 6 ноември 2026 – Долгогодишниот електронски отпад складиран во просториите на Основното општинско училиште „Ванчо Прке“ во Делчево денеска беше отстранет и преземен од овластена компанија за управување со електронски отпад.
Како што информираат од училиштето, надлежните служби ја спровеле целокупната законска постапка за отстранување на отпадот, кој подолг период се наоѓал во училишните простории и претставувал потенцијален ризик за животната средина и безбедноста во образовниот објект.
Активноста е реализирана во рамки на определбите за создавање здрава и безбедна општина Делчево, со координација на надлежните локални служби.
Од училиштето посочуваат дека со ваквите активности се надминуваат наследените проблеми од минатото и се придонесува кон поефикасно функционирање на локалните институции и подобри услови за работа и престој на учениците и вработените.

Leave a Reply