Ви ја претставуваме МОДРА – малешевска. Нова ракија од слива

На 800 метри надморска височина, во Малешевијата, меѓу планините и овошните насади, започнува приказната за МОДРА, сливова ракија произведена во Берово.

МОДРА е приказна за едно поднебје, за земјата и за луѓето кои со години ги одгледуваат своите сливи. За трпението што го бара секое дрво, за вниманието со кое се следи неговиот раст и за бербата што секоја година го означува крајот на еден долг процес.

Сливите за МОДРА потекнуваат од сопствени насади во Малешевијата, каде што се одгледуваат со посветеност уште од најраните фази на нивниот раст. По производството, ракијата одлежува во дабови буриња, кои придонесуваат за нејзините препознатливи карактеристики.

МОДРА се одликува со арома на зрела слива, суптилни нијанси на даб и долготрајна, топла завршница.

Зад името МОДРА стои ДОО „Малеш Бреза“ од Берово, а зад производот желбата да се зачуваат потеклото, карактерот и традицијата на едно поднебје.Достапна во пакувања од 0,7л и 0,2л.

Бидете меѓу првите кои ќе ја пробате!

�� Нарачајте на: Скопје: 078 408 280

Други градови: 071 386 198

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*