Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, утре, 20 ноември, ќе одржи отчет за сработеното во првата година од мандатот, на кој ќе ги презентира реализираните активности, постигнатите резултати и идните планови и приоритети за развој на општината.
Настанот ќе се одржи во салата на Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево, со почеток во 19 часот. Пред присутните ќе бидат презентирани реализираните проекти, инвестициите и активностите во изминатата година, како и визијата за натамошниот развој на општината.
По завршувањето на отчетот, со почеток во 20 часот, ќе се одржи музички концерт на познатата македонска поп-пејачка Бојана Скендеровски.
Настанот е можност за осврт на досегашната работа на локалната самоуправа и запознавање на граѓаните со идните развојни приоритети на Општина Делчево.


Leave a Reply