Гастрономска работилница во Берово: Поранешен ученик ги запозна учениците со македонската и далматинската кујна

Гоце Георгиев, кој по завршувањето на угостителско-туристичката струка професионалниот пат го продолжил во Хрватска, преку практична работилница ги сподели своето знаење и искуство со новите генерации.

Гастрономска работилница под мотото „Вкусови што поврзуваат – од Берово до Далмација“ се одржа во угостителско-туристичкото училиште во Берово, каде учениците имаа можност практично да се запознаат со специјалитети од македонската и далматинската кујна.

Посебен акцент на работилницата беше ставен на професионалната приказна на поранешниот ученик Гоце Георгиев, кој по завршувањето на угостителско-туристичката струка го продолжил своето усовршување и кариера во гастрономијата во Хрватска.

Преку практична работа, размена на искуства и подготовка на различни специјалитети, учениците имаа можност да научат нови техники и да ја развиваат својата креативност и тимска работа.

Од училиштето истакнуваат дека ваквите активности имаат посебно значење за учениците, бидејќи им овозможуваат непосредно запознавање со професионалните предизвици, но и со можностите што ги нуди угостителската професија.

Приказната на Георгиев е потврда дека знаењето стекнато во училишните клупи, надградено со труд, посветеност и љубов кон професијата, може да биде добра основа за успешен професионален развој.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*