Денот на револуционерната борба одбележан во Делчево

Пред споменикот на Гоце Делчев, великанот и патрон на град Делчево денес се одбележа 23 Октомври – Ден на Македонската револуционерна борба. Претставници на општината и Советот на Општина Делчево, предводени од претседателот Драган Маневски, како и претставници на институции, политички партии, здружение на пензионери, организацијата на резервни офицери и граѓани положија свежо цвеќе и се поклонија пред ликот на Гоце Делчев, одавајки им почит на сите припадници на МРО и она што тие го направиле за македонскиот народ и држава во минатото.
 
Како што истакнаа претставници на Здружението на пензионери ова е значаен датум кој значи почеток на македонската организирана револуционерна борба.
 
-На денешен датум почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден и Крушевската Република преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава, истакнаа од Здружението на пенизонери. 
 
Во рамки на настанот пригоден реферат за значајниот датум подготвија членовите на КУД „Гоце Делчев“ од Делчево. Денешниот датум со пригодни активности се одбележа и во соседните општини.

Одбележување на Денот на Македонската револуционерна борба

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, October 23, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*