Претседателот на ПСК „Голак“ дел од обуките за поставувач на рекреативна планинарска патека – маркацист

Се реализираше првиот дел од првата обука за поставувачи на рекреативни планинарски патеки – маркацисти. Како што информираше Љупчо Чучковски, кој како претседател на планинарски спортски клуб „Голак“ учествуваше на обуката, истата со помош на демонстратори се реализираше согласно програмата на Министерството за образование и наука, а во рамки на активностите на Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.
 
-Обуката опфаќаше теоретски и практичен дел при што теоретскиот дел беше објаснет во просториите на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија – Даре Џамбаз во Скопје, додека практичниот дел беше со вежби на планината Водно, односно се правеа одводи, препреки, чистење и санација на планинарска патека, информира Чучуковски.
 
Допдаде дека на обуката учествувале над 20 учесници од повеќе клубови и друштва од повеќе градови на Македонија.
 
Втората обука е закажана за месец декември по што учесниците ќе се стекнат со сертификати за маркацисти со што во иднина ќе можат да поставуваат различни патеки на македонските планини.

Реализирани обуки за поставувач на рекреативно-планинарски патеки – маркацист

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, October 23, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*