Акција за собирање есенски отпад

Екипи на ЈПКД „Брегалница“ започнаа акција за расчистување на растителниот отпад на јавните површини кои потпаѓаат под надлежност на претпријатието.

За таа цел како што информираат од комуналното претпријатие„ Брегалница“ се чистат површините од гранки, грмушки, диви багреми кои го нагрдуваат просторот.

-Со есенската акција е опфатен пообемен јавен простор во градот како и просторот на градските гробишта. Оваа активност е во рамките на есенските активности на јавното претпријатие во рамките на кои претходно беше извршено расчистување на растителниот отпад по должината на сообраќајниците, односно улицата „Маршал Тито“ на потег од касарната до Таушанското Маало, како и паркингот над делчевската гимназија, информираат од комуналното претпријатие.

Додаваат дека претходно во слична акција беа расчистени тревните површини во градот.

Согласно своите надлежности Јавното претпријатие „Брегалница“ од Делчево има обврска да уредува 42.100 м2 јавни површини

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*