Македонска Каменица ја доби својата Активна зона

Македонска Каменица ја доби својата активна зона со што стана дел од големиот општествено одговорен проект на компанијата Coca Cola и Пивара Скопје. Зоната е 15 јубилејна и со тоа како што истакна Марија Мининчиќ, менаџер за корпоративни комуникации во Пивара Скопје е заокружен третиот циклус од проектот за промоција на вистинските општествени вредности.
 
-Ние во Пивара Скопје цврсто веруваме дека овој проект значајно придонесува кон добросостојбата на сите граѓани, од сите општествени категории. Во рамките на тригодишниот проект и преку 15 зони, создадовме 1500 м2 површина каде илјадници граѓани можат да се рекреираат и дружат, креиравме тло каде се стекнуваат нови познанства и се негуваат старите, место за инклузија каде и младите и старите, и рекреативците и професионалците можат да поминуваат квалитетно време и бесплатно да ги ползуваат придобивките кои овие зони ги нудат, рече Мининчиќ.
 
Оваа активна зона е голема придобивка за жителите на Македонска Каменица, рече градоначалничката Соња Стаменкова.
 
-Навистина сме благодарни што соработката со општествено одговорните субјекти се крунисува со ваков значаен проект. Задоволството е уште поголемо што Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата ја препознаа нашата општина како партнер и ги пресретнаа барањата на моите сограѓани за поставување на Активна зона токму во Македонска Каменица, бидејќи за нас како Општина е навистина важно да понудиме содржини за граѓаните кои на долг рок позитивно ќе влијаат врз културата на живеење на граѓаните. Убедена сум дека ова место ќе биде едно од најпосетуваните места во нашата општина и дека граѓаните ќе се грижат за него и свесно и совесно ќе постапуваат со него, рече Стаменкова.
 
Новото место за дружење и рекреација за жителите свечено беше пуштено во употреба во присуство на голем број граѓани и претставници на спортски друштва.
 
Како што најавија одговорните во Пивара Скопје и компанијата Coca-Colа тие ќе продолжат со реализација на проекти од поширок општествен интерес и контекст за сегашните, но и за генерациите кои доаѓаат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*