Стаменковски севкупен победник на Street workout натпревар во Србија

Еден од најистакнатите македонски претставници во Пауер-литинг (Power-lifting), Бошко Стаменковски од Македонска Каменица ги собра сите награди на престижниот натпревар кој се одржа во Сврљиг, Република Србија. Како што информираше Стаменковски освен во пауер-лифтинг, тој се натпреварувал во повеќе спортски дисциплини.
 
-Во натпреварувачкиот дел имаше неколку категории и тоа предизвик во згибови, пропаѓања и склекови, како и апсолутна категорија. Освоив прво место во склекови, прво место во „пропаѓања“ како и трето место во „згибови“ со што организаторите ме прогласија за апсолутен победник. На натпреварот во Сврљиг учествуваа околу 100 учесници од неколку балкански земји, информира Стаменковски.
 
Во чест на неговиот придонес кон Пауер-лифтинг како спорт, Стаменковски од страна на организаторите доби неколку благодарници и дипломи.
 
Пред еден месец Каменичанецот на Европското првенство во Пауер-лифтинг кое се одржа во градот Егер, Унгарија го освои сребрениот медал.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*