Парична награда од Општина Берово за титанот Васко Мамучевски

Освоените награди на натпреварот Атлета на Македонија и Светскиот Дајмонд Куп беа причината беровскиот титан Васко Мамучевски да биде поканет на свечен прием во кабинетот на градоначалникот Звонко Пекевски. Боди билдерот Мамучевски го освои високото 3 то место до 85 килограми на неодамнешниот Дајмон куп кој годинава за прв пат се одржа во Македонија, а претходно зеде и златен медал на натпреварот Атлета на Македонија. Моментално е вработен во Министерството за внатрешни работи во Берово а со боди билдинг се занимава повеќе од 20 години. Мамучевски е шампион на Македонија во боди билдинг 2005, 2008 и 2009 година.

-Без разлика каква фунција извшува човек во приватниот живот, доколку сака нешто, може да најде време за она што има желба да го постигне и кое нешто треба да биде водечки мотив во остварувањето на посакуваните цели на секој поединец. Што се однесува до боди билдингот се работи за индивидуален спорт со 2 аспекти. Првиот аспект се однесува на аматеризам и онаа добро познатата ,, Во здраво тело здрав дух “, додека во вториот аспект се работи за професионалистички пристап кој бара голем ангажман, дисциплина и посветеност. Тоа е еден од најтешките спортови, кој бара голема дисциплина и пожртвуваност, еден војнички режим, се да биде планирано. Исто така се работи за финансиски скап спорт. Суплементите што се конзумираат се доста скапи, а во поглед на условите за усовршување во Берово тренирам во сопствената теретана, додека подготовките за натпревари ги завршувам во Атлета во Скопје, рече Мамучевски

Градоначалникот Пекевски истакна дека општината се гордее на вакви големи успеси но, досега вложила многу малку во напредувањето на еден вака истакнат спортист. Во периодот што следи во следната буџетска проекција ќе бидат вградени финансиски средства што ќе обезбедат финансиска помош за овој спорт со оглед на тоа што се работи за успеси на меѓународно ниво.

Со решение од страна на градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, доделени и исплатени му се 10.000,00 денари од Буџетот на Општина Берово за 2018 година, како подршка на поединци кои посебно се истакнале во областа на спортот.
 
Во иднина Мамучевски планира да се пријави и натпреварува на светски познатиот Арнолд Класик куп 2019 кој го организира познатиот актер Арнолд Шаварценегер во Шпанија, во кое нешто ќе добие силна подршка од Општина Берово.

Беровскиот титан Васко Мамучевски за своите добри резултати на Diamond Cup доби парична награда од општината

Posted by delcevo365.mk on Monday, November 5, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*