Лице од социјален ризик доби донација од градскиот татко

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски додели уште една донација. Донацијата се состои од елементи за кујна кои како што вели Трајковски се неопходни за скромниот дом на лице од социјален ризик од делчевското село Тработивиште.

-Животот во социјален ризик на Александар, беше повод за оваа донација, а целта е да се создадат нормални услови за живот во неговиот дом. Со овој чекор и донација која е обезбедена од мои лични средства уште еднаш сакам да покажеме дека никој не е заборавен, сочувствуваме со нашите сограѓани и бараме начин да се решаваат проблемите, вели Трајковски во објавата на официјалниот фејсбук профил.

Да се надеваме дека ова ќе биде поттик и останатите поединци и фирми кои се во можност со слични гестови ќе помогнат со тоа што барем малку ќе внесат топлина во животот на лицата во социјајен ризик.

Ова е трета лична донација на градоначалникот Трајковски. Претходно се донираше на семејства кои живеат во социјален ризик во селата Разловци и Вирче, а како што вели Трајковски, хуманата мисија продолжува и понатаму.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*