Клубски Патриот го совлада Шкупи за прва победа во првенството во женска конкуренција

Екипата на Клубски Патриот од Делчево со 67:50 ја забележа првата победа во 6 коло од првата женска кошаркарска лига на Македонија. До победата, Делчевки стигнаа со константно водство во текот на целиот натпревар во кој најдобар поединец беше младата Ана Ангеловска која постигна речиси половина од поените за домаќинките. По победата тренерот Љупчо Петровски, истакна дека очекува уште подобри резултати од своите кошаркарки.
 
-Конечно нашата екипа се покажа во вистинско светло и успеа да ја забележи првата победа во новата сезона. Им честитам на кошаркарките за убедливата победа на натпреварот кој го добивме со 17 кошеви разлика. Ова може да биде само одлична увертира за уште подобри игри кои ќе следуваат од девојките кои полека влегуваат во ритам и кои веќе во следното 7 коло од женската прволигашка конкуренција ги очекува дуел со силната екипа на Струга 2009, истакна Петровски.
 
Кога сме кај првата женска кошаркарска лига, вториот претставник од Источна Македонија, екипата на Баскет Кам славеше на гости против екипата на Пелистер со резултат 58:49.
 
На табелата екипата од Делчево со 7 бодови се наоѓа на седмото место додека Каменичанки имаат само еден бод заостанување зад лидерот Бадел кој има 10 бодови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*