Ограбен маркет во Делчево

Синоќа во 2 часот по полноќ е ограбен маркетот „Клас“ во Делчево. Како што изјавија сопствениците, крадецот кој најверојатно влегол преку мал прозорец во објектот, успеал да украде 35.000 денари од касата. Истиот е забележан од страна на соседи кои живеат во зградата.

-Не разбудија звуци предизвикани од тропање во близина на маркетот некаде околу 2 часот по полноќ. Поради тоа што во близина на објектот постои светилка која автоматски се вклучува, забележавме дека по кражбата крадецот се упати зад зградата и продолжи во непознат правец. Лицето беше слабо, со кратка коса и носеше блуза со капа и зелена долга јакна, велат соседи кои живеат во зградата и биле будни во моментот додека се случила кражбата во маркетот „Клас“.
 
Сопствениците велат дека ова е шеста кражба на нивниот маркет кој се наоѓа на улица „Кеј на Брегалница“ или вкупно 9 кражба ако се земат предвид и трите кражби на нивниот втор објект во населбата Ново Делчево.
 
Настанот е пријавен во полиција од каде повеќе детали околу истрагата најавија за утре.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*