Хуманитарни акции на младите од Делчево

Во организација на општинската организација на Црвен крст, младите волонтери од Делчево спроведоа хуманитарна собирна акција. Како што информираат од Црвен крст Делчево, акцијата се одржа по повод ден на волонтеризмот.
 
-Во рамки на хуманитарната акција која се реализираше пред просториите на Црвен крст во Делчево, денес хуманите граѓани донираа облека. Морам да кажам дека тие беа доста хумани, донираа повеќе од очекуваната облека, која согласно соработката со надлежните институции ќе биде донирана онаму каде ќе биде најпотребна. Освен тоа на денешната акција изразит беше бројот на граѓани кои донираа парични средства, како и средства за лична хигиена, за што лично сме им многу благодарни, рекоа од Црвен крст.
 
Хуманитарна акција, денес спроведе и Советот на млади при општина Делчево. Вo рамките на “Денови на хуманоста”, членовите на младинскиот совет, спроведоа хуманитарна акција за децата со посебни потреби. Акцијата се реализираше во градските кафулиња каде беа поставени кутии за парични донации. Собраните средства како што информираат од Советот на млади ќе бидат наменети во хумани цели.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*