Завршен настан од проектот „Здружени сили за заеднички интереси“

Во Делчево се одржа завршен настан во рамки на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“. Проектот се го менаџираше невладината „КХАМ“од Делчево од каде информираа дека во изминатата година преку проектот се реазлизирани две значајни активности во Делчево.
 
-Во склоп на овој проект, добивме регрант од ЦСВ од Прилеп која финансиски ги поддржа две невладини организации од Делчево, Бравура кооператива и Локален младински совет од Делчево. Вредноста на проектот се околу 6000 евра по грант, средства кои беа искористени за две значајни активности. Со првата активност се воспостави и уреди пешачка патека на планината Голак, додека преку втората активностт беше формиран мултикултурен центар кој ќе работи во склоп на општината, рече Бети Толевска, координатор на проектот.
 
Во рамки на првата активност како што информираше Димитар Димитровски од Локалниот младински совет досега се реализирани 90 проценти од работите за воспоставување пешачка патека на планината Голак.
 
-Поради лошите временски услови за напролет остана поставувањето на клупи и маси долж патеката. Ова ни е прв проект кој го реализираме преку оваа програма. Моментално аплициравме на три повици и очекуваме добри резултати, рече Димитровски.
 
Вториот проект за формирање на мултикултурен центар во Делчево е при крај и наскоро од НВО „КХАМ“ најавуваат негова официјална промоција.

Завршен настан од проектот „Здружени сили за заеднички интереси“

Завршен настан од проектот „Здружени сили за заеднички интереси“

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, December 4, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*