Игра лев бек, 21 му е омилен број, почетоците ги започна во РК Делчево, а моментално е еден од најдобрите поединци во пионерската екипа на Вардар. Со својата добра игра и неколкуте погодоци по натпревар, Анакиевски се истакна уште во првата сезона за својот тим, за кој во последното коло во натпреварот против екипата на Аеродром беше стрелец на 4 погодоци.
По завршувањето на основното училиште во деветолетката Св.Климент Охридски во Делчево, Анакиевски средното училиште го продолжи во спортската академија Вардар каде ги има сите услови кои може да ги посака еден млад ракометар.
Mинатата сезона беше еден од најдобрите поединци во екипата на РК Делчево за која има преку 50 настапи во пионерска и кадетска конкуренција.
Екипата на Анакиевски вечерва го совлада тимот на Јуниор Кисела Вода што беше четврта победа за вардаровите пионери. До крајот на есенскиот дел останува да се одигра уште едно коло, во кое тимот на делчевецот Анакиевски е домаќин на тимот на Ангели од Волково.
На младиот Анакиевски му посакуваме уште многу натпревари и достигнување на сонот на секој спортист, а тоа е еден ден да го видиме во македонскиот репрезентативен дрес.
Tooo majstoreeeeeee kini