Презентиран проект за придобивките од здравата храна

Внесување поголемо количество здрава храна со цел подобро физичко и ментално здравје, е целта на проектот кој денес се реализираше во гимназијата Методи Митевски Брицо во Делчево. Презентацијата ги опфати учениците од 4 година, а како што истакна менторот и професор по германски јазик, Лидија Таушанска, целта е учениците од 1 до 4 година подобро да се запознаат за бенефитите од здравата храна.
 
-Знаеме сите дека има многу позитивни придобивки од употребата на здравата храна, не само по здравјето. Преку денешната презентација сакаме да покажеме дека преку поголема употреба на здравата храна можеме да придонесеме учениците да бидат поконцентрирани и да внимаваат повеќе на наставата. За таа цел денес презентиравме неколку производи кои спаѓаат во делот на здрава храна. За учениците и наставниот кадар понудивме на продажба здрава храна за која користевме 5 типа на овошје, сушено овошје, јаткасти плодови, чај, овошни чаеви како и инстант и турско кафе, рече Таушанска.
 
Ваквите активности како што истакна директорот на гимназијата Љупчо Прачкоски, претставуваат нов начин на промоција на здравата исхрана помеѓу учениците.
 
-Со овие активности влегуваме во еден нов процес во нашиот средношколски центар преку кој сакаме на некој начин да апелираме до учениците и професорите, па и нашата поширока средина во својата исхрана да користат поширок спектар на здрави производи, рече Прачкоски.
 
Користејки ги можностите на Еразмус + програмата, од гимназијата не ја отфрлаат можноста преку кампањско претставување на бенефитите од здравата храна, преку можностите кои ги нуди Еразмус плус програмата да прераснат во можност за реализирање на проекти со училишта и од други земји.

Реализиран проект за здрава храна во СОУ ,,М.М.Брицо" во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Friday, December 14, 2018

 
 
 
 
 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*