Делчево го доби првиот репрезентативец во женски фудбал!

Ана Димитровска од Делчево која настапува за женскиот фудбалски клуб “Каменица Саса”  во моментот се наоѓа во Охрид каде со останатиот дел од македонската фудбалска репрезентација ги одработува подготовките за квалификациите за Европското првенство кои ќе стартуваат во септември оваа година.

Квалитетите кои ги покажа Димитровска во рамки на своите настапи за тимот од соседна М.Каменица, како и големиот број на голови кои таа ги постигна, беа доволна причина селекторот Кирил Изов да ја повика младата делчевка во најдобриот македонски женски состав со кој ќе ги одржи седумдневните базични подготовки.

Димитровска претходно има настап за репрезентацијата до 17 години, а ова е нејзин прв повик во сениорскиот тим во женски фудбал.

И посакуваме многу успех на нашата Ана и многу голови во дресот на македонската селекција која во рамки на подоготовките ќе одигра најпрвин ќе одигра тест натпревари помеѓу самите репрезентативки ,додека напролет ќе спарингува со други селекции.

Противниците во квалификациите за Европското првенство, Македонија ќе ги добие на ждрепката во Швајцарија на 21 февруари.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*