Генералниот секретар на Црвен крст на Македонија во посета на Делчево

Искористување на можностите кои се нудат преку предпристапните фондови од Европската Унија беа главната тема на разговор на денешната средба помеѓу генералниот секретар и претседателот на Црвениот крст на Македонија д-р Саит Саити и претседателот на Општинската организација на Црвен крст Делчево, Билјана Георгиевска кои денес поразговараа и околу подготовката на стратегијата за работа на Црвениот крст за наредниот 10 годишен период.
 
-Овде во Делчево со претседателот ги разгледавме можностите преку кои во соработка со општинските организации од Бугарија во иднина би овозможиле исползување на средства од таканаречените предпристапни фондови. Секако дека тука сме да дадеме поддршка и помош на општинската организација во подобрувањето на сопствените услуги кон локалното население, да поразговараме за понатамошно подобрување на резултатите од крводарителството, првата помош како дејност која заедно ја работиме, воведување на нови курсеви согласно потребите на локалното население се со цел секако да си го оправдаме нашето постоење преку испорачување на ефекти кои се надевам ќе бидат дел од севкупните општествени вредности во секојдневниот живот, истакна Саити.
 
Во придружба на Саити беше и претседателот на Црвен крст на Р. Македонија, проф. д-р Ромел Велев кој истакна дека Општинската организација Црвен крст од Делчево е една од оние организации кои секогаш се стремат кон подобри резултати што се покажува во рамки на големиот број организирани крводарителски акции.
 

Во 2019 како што истакнаа претставниците на Црвен крст на Република Македонија организацијата ќе се фокусира на менувањето на сопствениот закон кој според нив ќе донесе подобра општествена положба и зголемување на приходите за работењето на организацијата.

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЦРВЕН КРСТ ДЕЛЧЕВО ВО ПОСЕТА НА ДЕЛЧЕВО

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЦРВЕН КРСТ ДЕЛЧЕВО ВО ПОСЕТА НА ДЕЛЧЕВО

Posted by delcevo365.mk on Monday, February 11, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*