НВО „КХАМ“ ќе го зајакнува волонтеризмот во Делчево

Невладината организација КХАМ ја започнува мисијата за зајакнување на волонтерството во општина Делчево. За таа цел како што информираше извршниот директор на НВО КХАМ, Зекир Абдулов, преку јавен оглас за нови волонтери, ќе се бараат кандидати кои достојно ќе одговорат на мисијата на организацијата во насока на зајакнување на волонтерскиот дух во општина Делчево.
 
 
-Од денес 5 март 2019 година, стартува јавниот оглас за прием на нови волонтери. Програмата  за волонтерство на НВО ,,КХАМ” Делчево има за цел да допринесе за унапредување на вредностите на волонтерството согласно нашата мисија како организација која ја поттикнува солидарноста, толеранција и почитувањето на различностите, заедништво и хуманоста, истакна Абдулов.
 
Пријавувањето, како што додаде, ќе трае до 11 мај 2019 година, при што пријавените кандидати ќе бидат интервјуирани од комисија составена од членови на делчевската невладина организација.
 
Од ,,КХАМ” велат дека изборот на идните волонтери ќе се изврши врз основа на програмата за волонтерство и правилникот за работење на извршната канцеларија, а во согласност со Статутот на НВО ,,КХАМ” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*