Покрај Ѕвегор и Габрово на новата пречистителна станица да се приклучи и село Вирче!!!

Да се смени целиот цевковод и освен селата Ѕвегор и Габрово кон новата пречистителна станица да се приклучи и село Вирче. Ова се предлозите што беа изнесени на денешниот средба во рамки на состанокот на управниот одбор кој е надлежен за реализирање на капиталниот проект.

Како што информираше градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски, на средбата со претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање и швајцарската конфедерација станало збор за суштинските работи кои треба да бидат опфатени согласно проектотсо кој селата Ѕвегор и Габрово ќе добијат чиста вода за пиење .
 
-За овој проект веќе имаме направено студии и пресметки за тоа колку би чинело и што тоа ние сакаме да направиме. Покрај селата Ѕвегор и Габрово ја разгледуваме можоста и село Вирче да биде приклучено на оваа пречистителна станица за да можат луѓето од тоа село добијат чиста вода за пиење. Дискутираме околу можноста да биде сменет целиот цевковод, почнувајки од пречистителната филтер станица до Делчево. Исто така околу можностите за поставување мали хидроцентрали, фотоволтаици за сето тоа да биде поекономично, рече Трајковски.
Додава дека проектот ќе се спроведува во две фази, односно во првата фаза ќе се доградува водоводот, а во втората ќе се гради пречистителната станица.
 

Покрај пречистителна станица за вода и продолжувањето на мрежата за водоснабдување до селата Ѕвегор и Габрово, согласно проектот предвидена е инсталација на два капацитети за производство на обновлива енергија, а во делот на институционалната поддршка предвидени се корпоративни мерки за развој на јавното претпријатие „Брегалница“. Владата за реализација на овој проект обезбеди 13 милиони франци, а останатите шест милиони франци се помош од Швајцарија.

Покрај Ѕвегор и Габрово разгледани можностите на новата пречистителна станица да се приклучи и село Вирче!!!

Покрај Ѕвегор и Габрово разгледани можностите на новата пречистителна станица да се приклучи и село Вирче!!!

Posted by delcevo365.mk on Thursday, March 7, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*