Голем број на крводарители денес во Делчево учествуваа во крводарителската акција која ја организираше Општинската организација на Црвен крст од Делчево. Анита Божинова Петковска како дел од тимот на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје кој технички ја спроведе акцијата изрази огромно задоволство од масовното учество на делчевци на денепната крводарителска акција.

Акцијата заврши со вкупно 50 собрани крвни единици што е рекорд кога станува збор за дарувањето на крв во новата 2019 година. Следната акција со крводарителите од Делчево ќе се одржи во првата недела од месец април оваа година.
Голем интерес за крводарителската акција во Делчево
Posted by delcevo365.mk on Thursday, March 7, 2019
Leave a Reply