Годишно собрание на здружението на пензионери од Делчево

Здружението на пензионери од Делчево го одржа третото годишно отчетно собрание. Како што информираше претседателот на здружението Моне Ѓорѓиевски, на годишното собрание се разгледуваше годишниот извештај на здружението при што беше усвоена завршната сметка и финансискиот план за 2019 година.

-Финансискиот план за минатата година е целосно остварен и со позитивно салдо, на сметката имаме некаде 25 илјади денари, кои се бидат префрлени за реализација во оваа 2019 година. Според проценките кои ги направивме за оваа година која ќе биде и изборна, здружението ќе има на располагање околу милион и 100 илјади денари, истакна Ѓорѓиевски.

Во здружението на пензионери од Делчево членуваат 3200 пензионери, кое како што дополни Ѓорѓиевски претежно се финансираат од членарината која месечно од пензионер изнесува 30,50 денари.

Со годишното собрание на здружението на пензионери од Делчево се заокружуваат активностите во мандатот на ова собрание. Наредниот период до месец април ќе биде изберено новото општинско раководство како и нови раководства на основните пензионерски организации и на пензионерски ограноци по селата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*