Одиграни меѓуопштински натпревари во ракомет

Денес во спортската салата при СОУ ,,М.М.Брицо“ во Делчево се одиграа меѓу општински натпревари во ракомет за шесто и седмо одделение.

Учествуваа екипите кои ги претставуваа општинските основни училишта од Берово и Делчево.

Во првиот натпревар, машката екипа на ООУ “Ванчо Прке“ од Делчево загуби од екипата на ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ – Берово со резултат 7:9.

Во вториот натпревар женската екипа од деветолетката Ванчо Прке“ со минимална победа од 11:10 ги совладаа врсничките од ООУ  “Св.Климент Охридски“ – Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*