Ракометниот клуб Делчево подготвено го дочекува пролетниот дел од сезоната

Ракометниот клуб Делчево ги прави последните подоготовки за продолжението од сезоната во младинските лиги во кои настапува. Најдобри шанси екипата има во пионерската лига каде како што информираше тренерот на екипата Горан Велков каде делчевки го делат второто место со екипата на Металург.

-Првенството започнува кон крајорт на март каде во првото коло во женска пионерска конкуренција ја пречекуваме екипата на Вардар. Во кадетска женска конкуренција, исто така сме домаќини на екипата на Шампион, екипа која во есенскиот дел од шампионатот ја совладавме во Скопје, истакна Велков.

Велков додава дека на почетокот на сезоната машката кадетска екипа гостува на екипата од Радовиш.

Во кадетска женска и машка конкуренција делчевци се наоѓаат на средината на табелата, додека најзрели шанси за влез во најдобрите четири екипата има во женска пионерска конкуренција. Првите натпревари во пролетниот дел од сезоната се играат на 30 и 31 март 2019 година.

Ракометниот Клуб Делчево подготвено го дочекува пролетнио дел од сезоната во младинските натпреварувања

Ракометниот Клуб Делчево подготвено го дочекува пролетнио дел од сезоната во младинските натпреварувања

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, March 19, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*