На кого му сметаат добрите меѓуетнички односи во Делчево?!!

Лица од ромска националност вербално биле нападнати во Делчево. Настанот се случил синоќа околу 20 часот и 30 минути кај месноста Манастирски ендек, а истиот во полициската станица во Делчево го пријавил Езѓан Мемедов кој заедно со други лица бил жртва на вербалниот напад од страна на непознати сторители.
 
-На ден 19 март 2019 година околу 20:30 часот во Делчево на местото викано Манастирски ендек бевме вербално нападнати од непознати лица со навредување по нашата етничка припадност. Освен вербални напади лицата кои лично не ги познавам од само нив познати причини не навредуваа по етничка припадност и упатија сериозни закани по нашите животи и тела преку предизвикување на национална омраза и раздор. Настанот го пријавивме во Полициската станица Делчево од каде очекуваме во најскоро време овој настан да се обелодени, вели Мемедов.
 
Осудувајки го ваквиот вид на непристојни и несоодветни коментари упатени кон припадници на ромската и муслиманската заедница, Мемедов истакна дека ваквите настани не им одат во прилог на добрите мултиетнички односи во заедницата.
 
Од полицијата го потврдија случајот и велат дека работат на утврдување на причините за овој инцидент. Ова е прв ваков инцидент кој не се памети кога последен пат се случил во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*