Трајковски: Се подобрува безбедноста на патот Делчево – Ѕвегор

Во Делчево во тек се градежните активности за рехабилитација на магистралниот пат А3 од Делчево до Ѕвегор со должина од 5 километри. Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски кој денеска изврши увид во градежните активности на овој патен правец, истакна дека подобрувањето на патната инфраструктура на рутата од коридорот 8, е од огромна важност за поврзување на општините кои живеат близу до границата и градовите од Република Бугарија.
-Сето она што се прави на рутата од коридорот 8, е да се овозможи поголема конекциска врска помеѓу нашата држава и Република Бугарија. Ова го предвидува и годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта се со цел да имаме безбеден проток на патници и стоки. Јас се надевам дека на овој начин, ќе овозможиме дополнително да се зајакне меѓу граничната соработка меѓу овие општини што се блиску до границата и градовите од Република Бугарија. Таа соработка единствено е можно да се продлабочи  само со добра патна и железничка инфраструктура при што ќе се обезбеди и побрз и побезбеден транспорт, истакна Сугарески.
Со реализација на овие активности за реконструкција на патниот правец Делчево – Ѕвегор во голема мера ќе се подобри безбедноста во сообаќајот, истакна градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски.
 
-Ова за нас како општина е од огромно значење, особено за безбедноста во сообраѓајот, бидејки ќе се реши проблемот со сообраќајните несреќи кои поради лошата патна инфраструктура ги имаше на овој потег, Поголемиот проток на возила чии граѓани од соседна Република Бугарија доаѓаат во посета на општината ќе влијае на одржување и на зголемување на локалната економија, истакна Трајковски.
 
Освен овој патен правец во насока на подобрување на патните правци во овој регион, како што информираше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ќе се работи и на регионалниот пат Р1302, Делчево – Пехчево во должина од 10 км, како и на регионален пат Р1304, Берово – Виница во должина од 11 километри.
 

Паралелно со овие активности во Делчево ќе се рахабилитира и дел од коловозот на таканаречената транзит зона, долж булеварот Македонија, градежни активности кои ќе започнат кон крајот на месец април 2019.

Се рехабилитира патниот правец Делчево – Ѕвегор

Се рехабилитира патниот правец Делчево – Ѕвегор

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, March 20, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*