Потребна помош за дванаесетчлено семејство од беровско Русиново чија куќа изгоре во пожар

Дванаесетчлено семејство од беровско Русиново останува без кров над глава откако синоќа во два часот по полноќ целосно изгоре нивната семејна куќа. Траорна беше денес глетката пред домот на ова семејство каде сеуште чадеше од синоќешниот пожар. Пожарот прв го забележал Александар Мирчевски кој забележал дека истиот најпрво започнал од подрумот.
 
-Околу два часот по полноќ сите спиевме, јас почувствував дека некаде гори, станав видов дека гори во подрумот во собите има пламен, веднаш се јавив на мојот брат, излеговме надвор и веќе огнот гореше на вториот кат. Соседите ги повикавме на помош, се јавивме во противпожарната станица кои дојдоа за кратко време се вклучија во акцијата за гаснење и спасување на она што се спаси. Во куќата беа брат ми снаа ми неговите деца, моите деца, баба ми живее на долниот спрат. Успеавме некако сите да излеземе без да има жртви, истакна Мирчевски.
Братот на Александар, Здравко Мирчовски кој исто така живее во куќата апелира за хуманост од страна на граѓаните.
 
-Кој може да донира да помогне едностацвно сме на улица, децата и внучињата се при роднини, таму ќе се преку ден а вечер каде ќе се сместиме е дополнителен проблем. Сликата ја гледате се е кажано, истакна Мирчовски.
 
Градоначалникот на општината меѓу првите излезе на лице место и истакна дека веднаш ќе биде ангажирано комуналното претпријатие и градежна механизација за расчистување на остатоците од опожарената куќа. Додека ги прибиравме информациите за извештајот дел од куќата падна врз остатокот од опожарената куќа, а противпожарните екипи продолжија со гаснење на димот кој се уште чадеше.
Сметки за донации:

Девизна сметка Aleksandar Mirchovski IBAN MK07240217011905027

Трансакциска сметка Александар Мирчовски 240217011905027 (УниБанка)

Трансакциска сметка 200002693474846 на име Александар Мирчовски (Стопанска Банка)

Контакт телефон за повеќе информации: 078-465-730

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*