Клуб на патувачи во посета на делчевските убавини!

Како дел од турите за алтернативен туризам, група од триесетина туристи, љубители на патувањата, денес посетија неколку значајни туристички локалитети во делчевскиот регион. Како што истакна Живко Јаневски од клубот на патувачи „Скопско туристичко лето“, целта на денешната посета на Делчево е откривање на нови дестинации кои можат да бидат ставени на туристичка мапа на Македонија.
 
-Овде сме втор пат. Минатата година посетивме повеќе локалитети, дел археолошки, дел природни убавини од каде очигледно е задоволството на нашите патувачи од она што го видоа. Морам да признаам дека постои огромен интерес за проширување на дестинацијата. Имате перспектива како град за туризам, можеби треба повеќе вложување, меѓутоа ентузијастички е сосем доволно, истакна Јаневски
 
Во рамки на посетата на делчевскиот регион, туристите го посетија локалниот музеј, планината Голак, езерото Сандански, тврдината Градиште како и манастирските комплекси Св.Илија и Св.Богородица Балаклија.
-Имавме пак посета од туристи од Скопје и тоа е добра работа за Делчево. Горди сме што туристите искажуваат задоволство од она што го видоа, истакна Ванчо Новоселски од ЕЛС Делчево, кој на посетителите им раскажа за постановките во делчевскиот музеј и неговото значење.
 
Настанот се реализираше во соработка со планинарскиот водич Љупчо Чучуковски.
 
-Целта ни е што повеќе вакви групи да доаѓаат во Делчево, се со цел да ги прикажеме нашиот туристички потенцијал, кој очигледно им причинува задоволство на гостите од Скопје, рече Чучуковски.
 
Следната активност за запознавање на природните убавини на делчевскиот регион ќе се реализира со две групи македонски туристи и гости од Бугарија.

Клуб на патувачи во посета на локалитетот „Градиште“ во село Град

Клуб на патувачи во посета на локалитетот „Градиште“ во село Град

Posted by delcevo365.mk on Sunday, March 24, 2019

Група туристи од групата „Скопско туристичко лето“ во посета на Делчево

Група туристи од групата „Скопско туристичко лето“ во посета на Делчево

Posted by delcevo365.mk on Sunday, March 24, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*