Семејството Воденски прво ќе донира за помош на опожареното семејство Митревски

Иселеникот Ване Воденски кој е татко на познатиот кик-боксер Кристијан Воденски и со семејството повеќе од 30 години живее во Германија, прв се одзва на повикот за помош и донираше 1000 евра за семејството Митревски чија куќа синоќа до темел изгоре во пожар.

Контактирајки ја редакцијата на delcevo365.mk, Воденски парите ги донираше преку Вестерн Унион како поддршка за своите соселани кои останаа без кров над глава.

Освен Воденски, градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски беше меѓу првите кој ги понуди сите ресурси на општината во насока на расчистување на остатоците од страшниот пожар во Русиново.

Митревски се дванесетчлено семејство на кои и тоа како им е потребна секаква помош. Тие вечерта ќе ја поминат кај роднини и соседите, а веќе од утре ги чека макотрпна акција за обнова на своето живеалиште. Помошта од секој поединец и тоа како ќе им биде добредојдена.

Сметки на кои може да се донира:

Девизна сметка Aleksandar Mirchovski IBAN MK07240217011905027

Трансакциска сметка Александар Мирчовски 240217011905027 (УниБанка)

Трансакциска сметка 200002693474846 на име Александар Мирчовски (Стопанска Банка)

Контакт телефон за повеќе информации: 078-465-730

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*