Владиката Иларион: Во Делчево се гради еден од најубавите храмови во православниот свет

Митрополитот Брегалнички г.Иларион, денеска во рамки на работната посета во Делчево го посети соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“, во кој од неодамна почнаа градежни активности за негово довршување. Со довршувањето на овој храм како што истакна г.Иларион, Делчево ќе добие едно претставително црковно здание, кое ќе биде едно од најголемите во Источна Македонија.
 
-Иако се почна одамна, црквата не е заборавена, желбата беше на сите нас и на моите претходници и на сите луѓе од ова населено место беше оваа црква да се изгради и да се освети, за да биде во функција на луѓето за нивните духовни потреби. Посебно се радувам што се довршува фасадата и се надевам дека со даренија на сите благочестиви и богољубиви луѓе, овој храм ќе го завршиме и осветиме. Овој храм е посветен на сесловенските просветители, светите браќа „Кирил и Методиј, кои како што знаеме имале и мисија на река Брегалница, а и по тој повод се и патрони на градот Делчево, истакна г.Иларион.
 
Како што информираше градоначалникот на Делчево,по завршувањето на фасадата во соборниот храм во Делчево, ќе се продолжи со изградба на кровната конструкција.
 
По иницијатива на делчевецот Венци Димитровски, црквата се доградува со поддршка на д-р Милен Врабевски кој со преку неговата фондација најавува и целосно довршување на соборниот храм во Делчево.

Митрополитот Брегалнички г.Иларион во посета на Делчево

Митрополитот Брегалнички г.Иларион во посета на Делчево

Posted by delcevo365.mk on Monday, April 1, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*