ООУ„Ванчо Прке“ обезбеди пласман на Државното првенство во кошарка

Кошаркарките од деветолетката Ванчо Прке се победници на денешниот Регионален турнир во женска кошарка на кој учествуваа 4 основни училишта од таканаречениот регион Исток.  Делчевки остварија високи победи над врсничките од општинските основни училишта „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш и „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија. Во првиот натпревар кошаркарките од Делчево против радовишанки славеа со 48:10, додека во вториот постигнаа 53 кошеви наспроти 31 на гостинките од Гевгелија.

Во останатиот натпревар екипата на Јоаким Крчоски од Крива Паланка која беше четвртиот тим кој се натпреваруваше во Делчево, беше подобра од радовишанки со 47:19. Екипите на Јоаким Крчоски и Ванчо Прке кои се двете првопласирани екипи обезбедија пласман на Државното првенство.

На екипата од Делчево и посакуваме многу успех во понатамошните натпревари.

Делчево домаќин на Регионален турнир во кошарка за основни училишта

Делчево домаќин на Регионален турнир во кошарка за основни училишта

Posted by delcevo365.mk on Monday, April 1, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*