Библиотеката „Илинден“ го збогати книжевниот фонд со црковна литература

Како дел од соработката помеѓу Јавната локална библиотека „Илинден“ и Брегалничката епархија деновиве во библиотеката пристигнаа книги со црковна литература. Како што информираше директорката Билјана Петровска, црковната литературата веќе од утре, ќе биде достапна за читателската публика.

-Нашата библиотека располагаше со многу малку црковна литература, од тие причини во соработка со свештениците од православната црква „Успение на Пресвета Богородица“, а преку Брегалничката епархија набавивме црковна литература. Соработката со Брегалничката епархија ќе продолжи и во иднина. Сакам да ги информирам сите наши членови и читатели кои што се заинтересирани дека веќе од утре можат да дојдат во библиотеката и да изнајмат вакви книги, рече Петровска.

Од библиотека ги известуваат читателите дека утре пред децата од воспитно-образовните установи, „Македоника литера“ ќе ја презентира најдобрата кинеска литература за деца.

-Утре со почеток во 12 часот во читалната на библиотеката наши гости ќе бидат претставници од издавачката куќа „Македоника литера“. Тие ќе ја презентираат најдобрата кинеска литература за деца а исто така ќе имаат и продажна изложба. Ги поканувам нашите сограѓани да ја посетат оваа продажна изложба и да си купат по промотивна односно по ниска цена, дополни Петровска

Од библиотеката соопштија дека во преговори со други издавачки куќи во наредниот период предвидени се и други вакви слични настани.

ЈЛБ Илинден го збогати фондот со црковна литература

ЈЛБ Илинден го збогати фондот со црковна литература

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, April 3, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*